• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

За училиштето

СОУ “Гостивар“- Гостивар е основано со одлука на Собранието на Општина Гостивар во 1960 година и започнува со работа од учебната 1960/1961 со две паралелки, на македонски и албански јазик, со по 35 ученици како Гимназија Панче Попоски. Првата генерација на матуранти е од учебната 1963/64.

Во рамките на гимназиското образование се реализираат наставните планови и програми за реформирано гимназиско образование, односно за природно-математичко и општествено-хуманистичко подрачје. Во рамките на спортската гимназија се реализираат наставниот план и програмите за академија на фудбал.

Наставата се изведува на три наставни јазици, албански, македонски и турски. Се изведува во две смени, а бројната состојба е следна:

Број на класови: 55
Број на ученици: 906
Број на професори: 115